Ако треба да бидеме искрени, повеќето мажи воопшто не обрнуваат внимание на шминката, фризурата или пак нашата гардероба… но ги забележуваат! Ги забележуваат затоа што она што ги импресионира е целокупното емитување на жената.
Па, за да бидеме неодоливи за спротивниот пол, сите овие работи се многу важни! Затоа сега ќе ви покажеме како да го импресионирате со неодолива есенска шминка.
Го избравме погледот,обоен во зелено, поради неколку причини. Оваа шминка може да ги натера сите бои на очите да се истакнат, а знаете дека во нив се крие целиот сексапил на жената?
Освен тоа зелената е добра опција за есен! Оваа боја одлично се комбинира со потемна гардероба, карактеристична за оваа сезона.
Тоновите кои треба да ги изберете, се маслинесто зелена, сина и сиво зелена, зелена со бронзен ефект или пак темно зелена. Сето тоа зависи од вкусот и бојата на вашите очи.

You must be logged in to post a comment Login