Практично во секоја диета со огромни букви фигурира правилото дека е забранета употребата на тестенини, слатко, солено и алкохол. Диетата со вино не само што дозволува вино, туку тоа е и најзината главна состојка. Експресната диета помага да се ослободиме од 4-5 килограми за пет дена. Но затоа треба, се разбира, да си поставиме некои ограничувања. Всушност, диетата со вино не е само фикс идеја на љубителите на алкохолот, таа е научно оправдана теорија. Британскиот научник Роџер Кордер успеал да докаже и мноштво корисни својства на црвеното вино, вклучувајќи го и неговото позитвно влијание на кардиоваскуларниот систем на човекот.
Доколку се одлучите да ја примените оваа диета, еве го и менито кон кое треба да се придржувате:
Во овие пет дена појадокот треба да се состои од еден портокал и едно варено јајце.
По неколку часа може да каснете и едно зелено јаболко.
За ручек треба да изедете 200гр ниско маслена урда со една мала краставица.
За вечера, таа не треба да биде по 18:00 часот, треба да испиете 200гр црвено вино, задолжително со добар квалитет.


You must be logged in to post a comment Login