Темните кругови околу очите се секојдневен проблем за голем дел од жените. Меѓутоа за среќа, дури и веќе да се појавиле во денешно време можете успешно да се преборите со нив и лесно да ги одстраните.
Еве неколку рецепти за одстранување на темните кругови со помош на рецепти од народната козметика:
Пред да нанесете шминка поставете врз очите тампони напоени во чај или пак кесички чај од камилица, зелен чај или нане.
Во малку млака вода, околу 150 мл растворете 1 чаена лажичка мед. Натопете ги тампоните во смесата и поставете ги на очите околу 5-10 минути.
Сварете еден компир, испасирајте го и поставете го на две гази кои ќе ги аплицирате на очите за околу 5-10 минути.
Поставете на очите 5-6 минути кругчиња свежа краставица.
Ставете две метални лажици во фрижидер за да се оладат. Извадете ги и поставете ги врз очите околу 15 минути.
Лимон и домат – Комбинирајте сок од домат и лимон со малку пченкарно нишесте за да добие густина. Нанесете од смесата врз кожата под очите и оставете да делува 15 минути. Може и да не ставате нишесте, туку да ја нанесете смесата со помош на тампон натопен во неа.
Бадемово масло – Ја омекнува и хидрира кожата околу очите па затоа може да ги редуцира темните кругови.
Следната вежба е исто така многу полезна:
Стиснете силно но внимателно со врвот на показалецот на вдлабнатината под вашите очи. Задржете така околу 5 секунди, после што бавно во насока од внатрешните агли кон слепочницата провлечете со прстите. Повторете го тоа неколку пати за да можат натрупаните токсини во областа под очите да влезат во крвотокот и да се разнесат.

You must be logged in to post a comment Login