Варени или свежи доматите не само што може да ви помогнат да ослабете, тие и ќе го прочистат вашето тело од токсини.
Оваа диета трае пет дена, и за тоа време може да загубите три килограми. Во текот на диетата треба да јадете домати во секој оброк, и да јадете во поголема количина од вообичаено.
Прв ден:
Појадок: две парчиња црн леб со малку маргарин и една лажица мед, чај или кафе без шеќер
Ручек: голема салата од домати и сирење
Ужина: една праска
Вечера: тестенини во сос од домати
Втор ден:
Појадок: 200 мл јогурт со ниска масленост, една лажица мед и две големи лажици овесни снегулки
Ручек: грчка салата
Ужина: едно овошје или кафе со 2-3 бисквити од интегрално брашно
Вечера: супа со ослич
Трет ден:
Појадок: интегрално пециво со две лажици полу масно сирење, домат и малку млад кромид. Половината од пецивото може да го изедете во оваа компинација, а другата половина премачкана со мед.
Ручек: тортиљи
Ужина: два моркова и 30 гр шунка и 1 дл сок од домати
Вечера: Месо со домати
Четврти ден:
Појадок: две парчиња леб испечени на тост, премачкани со крем сирење и едно парче шунка, 2 дл сок од домати
Ручек: гаспачо
Ужина: Направете сендвич со интегрален леб, две парчиња и во него ставете мисиркина шунка, и домати – неограничено
Вечера: домати и ориз
Петти ден:
Појадок: 2 дл сок од домати, две парчиња леб испечени на тост, премачкани со топено сирење и домати
Ручек: едно парче леб исечено на коцки и 400 гр домати, додајте малку зелена салата и зачинете со маслиново масло.
Ужина: салата од едно јаболко и киви, прелеани со малку мед.
Вечера: тестенини со домати
Напомена: Секогаш кога ќе почувствувате глад напијте се сок од домати. Познато е дека овој сок е многу ефикасен за топење на маснотиите. Уште поголем ќе биде ефектот доколку на врвот од лажицата ставите бибер во сокот.

You must be logged in to post a comment Login