Потребно ви е:
– 225гр шеќер
– 340гр мед
– Лимонов сок (од пола лимон)
– Стаклен сад
– Стапче за нанесување
– Памучни траки
Подготовка:
Сите состојки измешајте ги во длабок сад, ставете на средно јака температура и загревајте ги состојките додека не почнат да вријат. Веднаш смалете го оганот и варете со често мешање додека смесата не добие златна боја. Кога смесата ќе биде готова, внимателно претурете ја во стаклениот сад и почекајте да се олади.
Постапка за нанесување:
Кожата мора да биде чиста, без никакви нанесени производи и сува. Пастата се нанесува во спротивен смер од растот на влакненцата. Ставете ја памучната трака, чврсто притиснете ја на кожата и брзо повлечете ја траката.

You must be logged in to post a comment Login