Денеска решивме да ви предложиме како можете да го користите црвеното вино и за разубавување. Наточете си една чаша убаво црвено вино и прочитајте зошто овој пијалок е толку полезен за кожата на лицето.
Црвеното вино соджи високо ниво на антиоксиданти полифеноли, кои се полезни за здравјето на кожата. Кога црвеното вино се користи за разубавувње, делува на тој начин што се бори со слободните радикали, ја стимулира циркулацијата на крвта, подмладува и ја зголемува еластичноста на кожата. Исто така го изедначува тенот и ја прави кожата нежна и сјајна.
Црвеното вино исто така е добар сојузник во борба против стареењето. Во случаи на акни, црвеното вино се смета за добро средство за детоксикација на кожата.
Маска со црвено вино, мед и јајце
Оваа маска е универзална, и ќе направи кожата да ви изгледа по млада, еластична и глатка.
Потребни состојки:
1 белка од јајце
3 супени лажици црвено вино
1 чаена лажица мед
Начин на подготовка:
Соединете ги сите состојки и мешајте се додека не добиете глатка смеса. Со прсти нанесета ја на предходно измиеното лице и врат но внимавајате на зоната околу очите. Оставете да стои 10-15 минути. На крајот измијте со ладна вода и нанесете хидратантна крема.

You must be logged in to post a comment Login