Секоја жена треба да посвети внимание за да има здрава и мека кожа на телото. Наместо да купувате специјана козметика можете да ја направите сами во домашни услови и да ве чини доста поефтино. Денес ќе ви понудиме одлична рецепта за приготвување пилинг за тело од кафеав шеќер и банана.
Потребни намирници:
1 банана,
3 супени лажици кафеав шеќер,
¼ чаена лажичка чист екстракт од ванила или друго етерично масло по желба,
Начин на подготовка:
Исипете ги сите компоненти во длабок стаклен сад и испасирајте со вилушка. Не претерувајте со мешање бидејќи пилингот не треба да биде многу течен.
Пред бањање земете малку од готовиот пилинг и нежно масирајте делови од телото во правец на крвотокот. На овој начин се стимулира циркулацијата и нормалниот проток на лимфата за да се спречи задршка на течности во ткивото што резултира во целулит. Процедурата треба да се прави еднаш седмично.

You must be logged in to post a comment Login