Меѓу изобилството од најразлични диети е многу тешко да се избере онаа која најдобро ни одговара на нас и нашите навики.
Денеска ви нудиме еден многу лесен и ефикасен режим – лимонова диета.
Најважно кај неа е тоа што освен што ќе ги изгубите вишокот на килограми, таа ќе ви помогне и во детоксикација со помош на лимонот.
Тој ги отстранува од дигестивниот тракт и желудникот сите остатоци од храна и отрови.
Освен тоа за време на диетата нема ограничувања во храната – се што треба да направите е да внимавате да не претерувате со некои производи и да ги намалите порциите. Слабеете здраво и пријатно со лимон диетата.
Програма на лимоновата диета
Лимоновата диета се состои во дневно приемање на лимон и лимонов сок. Тоа треба да се случува во текот на целиот ден, но наутро е задолжително за да може лимонот да го детоксицира организмот и дигестивниот тракт да се ослободи од остатоците на храна.
1 Ден: Наутро на гладно се пие чаша топла вода со лимон. Попладне, повторно на гладно се пие втора чаша топла вода со сок од лимон. Првиот ден е пожелно да се пие чиста вода со лимон, без мед и останати додатоци.
Првиот ден од диетата е за подготвување на организмот за приемање на полесна храна. Количеството на храна е добро постепено да се намалува, па вечерата треба да биде многу лесна. Количината на лимонов сок постепено се зголемува , за да може стомакот да се привикне на него.
2 Ден: Нутро и попладне се пие по една чаша топла вода со лимон. Во текот на целиот ден се пие минерална вода со ицеден лимонов сок во неа. На 1 литар се ставаат четири лимона.
3 Ден: Третиот ден се продолжува по истата шема и топлата вода со лимон се вклучува и за време на ручекот. Таа заедно со овошје по желба, може да замени оброк.
Во текот на целиот ден се продолжува со пиењето на минерална вода со лимон.
4: Ден: следува истата шема.
5 Ден: Следува истата шема.
6 Ден: Следува истата шема и чашите топла вода со лимон се намалуваат на 2 во текот на денот.
7 ден: Се пие само една чаша топла вода со лимон на гладно наутро. Исхраната се враќа кон нормалниот ритам.

You must be logged in to post a comment Login