Ако сакате за кратко време да влезете во форма ви нудиме една фантастична диета. Диетата трае 7 дена и се намалуваат од 4-6 килограми.
Принципот е следниот: Јадете кисело млеко кога ќе сакате и колку ќе сакате. Притоа можете да додадете и други видови храна според правилата:
1, 2, 3 ден
Може да додадете варен ориз или компири во менито. Никакви газирани пијалоци! Од алкохол дозволено е само бело вино и тоа не повеќе од 1 чаша.
4, 5, 6 ден
Освен кисело млеко можете да јадете и пилешко филе варено или печено. Може да додадете и свежа салата. Без алкохол и газирани пијалоци.
7 ден
Кисело млеко и овошје. Само без банани и грозје. Може да си дозволите чаша вино. Важно е откако ќе завршите со 7-от ден да не почнете да се прејадувате. Постепено зголемувајте ја количината и додавајте ги другите видови храна.
Накратко, тоа е! Ќе ви биде тешко само првите 2 дена. Ако ви дојде желба за нешто благо, само помислете на омилените тесни фармерки кои веќе не ви стојат така добро. Ова секогаш делува. Ќе чекаме да ги споделите резултатите. Успех!

You must be logged in to post a comment Login