Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

9 тотално откачени трикови за убавина кои навистина делуваат

Некои совети за убавина можат често да ни изгледаат добри а вистинити или дури да бидат толку бизарни што би помислиле дека навистина делуваат.

1.  Маскара – Ако ве лутат тие црни дамки од маскара кои се пресликуваат на кожата, држете пластична лажица со длабокиот дел доле кога ја нанесувате маскарата на трепките, па така поголемиот дел што е повеќе ќе падне во лажицата наместо на кожата.

2. Подуени очи – Намалете ја подуеноста на очите така како што ќе излупите компир, ќе го преполовите и ставете го 10 минути. Компирот ќе го излади отокот и ќе го намали.

3. Целулит – Сте приметиле дека ви се појавил целулит? Употребете кафе како пилинг. Кофеинот ќе ги стимулира ќелиите на кожата и ќе ги отстрани мртвите ќелии.

4. Коса – Итно ви е потребна длабинска, хидратантна нега? Земете мајонез и ставете го на косата. Држете го 20 минути, а за уште подобро дејство, додека е намачкана косата исушете ја малку со фен.

5. Лак за нокти – Ако во вашите нокти се појавуваат меури, тоа значи дека го чувате на претопло место. Лаковите за нокти чувајте ги во фрижидер, па така кога ќе ставате ќе биде рамномерно и без меури на вашите нокти.

6. По вежбање – Сеуште сте црвени во лицето по вежбањето? Доколку сакате да го отрстраните тоа, по тренингот земете антихистаминик па големиот дел од црвенилото ќе се повлече.

7.  Плускавци од нови чевли – Ако сакате да се осигурате да не добиете плускавци од нови чевли, на подрачјето на кое добивате плускавци намачкајте вазелин.

8. Отстранување на лак со светки – Ова може да биде прав кошмар. Вашите раце се полни со светки, потоа ги имате на лицето и на облеката. За да го отстраните овој проблем, натопете вата со отстранувач за лак, ставете на ноктот и прстот и замотајте ги на неколку минути во фолијата. По тоа тргнете ја ватата и ќе видите дека сите светки отпаднале од ноктот.

9. Брзо исушете го лакот на ноктите – Доколку брзате и не можете да чекате лакот да се исуши, потонете ги прстите во ладна вода на 3 минути. Кога ќе ги извадите од вода, лакот ќе биде потполно сув.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement