Без оглед дали ја сакате или не, морате да признаете дека Ким изгледа секогаш беспрекорно! ТВ ѕвездата одлучи на сите а им открие како тоа и успева…
Прескокнете го шампонот – понекогаш
Ким ја мие косата секој втор ден, бидејќи секојдневното миење би ја исушило. Меѓутоа, еден профи трик кој го користи е изоставањето на шампонот од време на време! Таа редовно користи мароканско масло за коса и маски за хидратација. „Тоа ја прави косата фантастично мека“, изјавува Ким.
Обликувањето на веѓите е важно
Ким признава дека долго време сама ги обликувала веѓите, но нејзината козметичарка конечно упеала да ја убеди да ѝ ја препушти таа работа на неа. „Кога ѝ ја предадов пинцетата, станав опседната со веѓите. Таа тоа го прави совршено и многу педантно“, вели Ким.
Нанесете сенка како професионалец
„Прво нанесувам бела пудра околу очите, па добро ја растресувам со четка. Дури потоа ставам сенка која така е многу постојана.“
Прави нијанси за вашиот тен
Ким вели дека од руменило користи „Blush in Orgasm“ на NARS, ги обожува кармините на Revlon, како и сјајот на Yves Saint Laurent. А, со задоволство го споделува и овој совет од нејзината козметичарка. Штипнете го образот и бојата што тој ќе ја добие е онаа какво што треба да биде и руменилото. Кога еднаш ќе ја одберете вистинската нијанса, нема повеќе да имате дилема. „Ако сакате совршен кармин во месо боја, тогаш тој нека биде посветол за една нијанса од бојата на вашите усни“, објаснува Ким.
Кога бирате црвен кармин, пробајте ги сите видови – од темните, преку интезивните, до портокалово-црвените нијанси и проверете со која од нив вашето лице ќе живне.
Зголемете ги трепките
Трепките на Кардашијан се секогаш нагласени и таа смета дека тие се важни за секси поглед. „Ставам еден врз друг слој, но не од истата, туку од две различни маскари. Користам Lancôm Doll Lashes и M.A.C. Zoom Fast Black Lash.“ Од време на време Ким користи и вештачки трепки, за посебно драматичен изглед.
Чистете го лицето темелно
„Нема ништо полошо отколку кога жената ја вади шминката со влажни, бебешки марамчиња“, смета Ким. На тој начин кожата не може темелно да се исчисти. Набавете квалитетно средство за вадење на шминка, а по неговото користење задолжително исплакнете ја кожата со средство кое одговара на вашиот тип. Завршете го ритуалот со хидратантна крема.
Ноктите се важни
Ким редовно ги средува ноктите во салон, но исто така сака за нив да се грижи и сама, па затоа во ташната секогаш носи прибор за маникир. „Постојано сама им го корегирам обликот. Никогаш не ги чепкам рабовите, сакам рамни нокти.“
Нега на телото
За да направи пилинг или да го отстрани спрејот за самопотемнување, Ким го посетува Кореанскиот спа центар во Лос Анџелес. Дома меѓутоа често користи пилинг на база на кафеав шеќер, кој е одличен за отстранување на мртвите клетки од кожата.
Внимавајте на исхраната
Ким признава дека проблемот со целулитот секогаш се средува кога ја регулира исхраната. „Јадеме овес за појадок, салата за ручек и пилешко за вечера“, додава таа.

You must be logged in to post a comment Login