Постојат две групи на луѓе – луѓе кој го прифаќаат своето стареење и луѓе кој го избегнуваат огледалото, бидејќи не сакаат да се помират со тоа. Има многу митови за белата коса и затоа некои од нив треба да се разоткријат. Еве како работите навистина се.
Можете да ги чупате белите влакна. На нивно место нема да се појават повеќе.
Ако исчупате едно бело влакно, тоа на никој начин нема да влијае на косата. Но не би требало да ги чупате влакната на косата – на тој начин може трајно да ги оштетите фоликулите, што значи може да се случи на тоа место да не порасне повеќе влакно. Во споредба со тоа, белите влакна не се ништо
Не може туку така да ви обели косата
Стресот не влијае на појавување на бела коса, но може да доведе до привремен губиток на коса. Во тој случај опаѓаат прамени на коса, а оние кои ќе израснат на нивно место имаат помалку пигмент и привремено може да обелат. Стресот допринесува, но не влијае директно на обелувањето на косата.
За се можете да ги обвините родителите
Белата коса е запишана во генетскиот код, иако одредени животни навики може да допринесат за тој процес да се забрза или успори. Ако навистина сакате да знаете кога вашата коса ќе обели, погледнете ги своите родители, и ќе знаете одприлкика кога тоа ќе се случи.
Вашата националност игра важна улога
Според едно обемно истражување, косата кај белите луѓе многу побрзо обелува за разлика кај Азијатите и Црнците.
Правилото 50-50-50 не е точно
Обелувањето на косата е поврзано со годините. Се во вашетот тело започнува да се менува со тек на годините, а фоликулите на коса произведуваат помалку меланин, пигмент кој ја дава бојата на косата. Некои дерматолози веруваат дека 50 проценти од популацијата, во своите 50-ти години има 50 проценти бела коса. Но една студија открила дека 6 до 23 проценти од популацијата, во своите 50-ти години може да очекува да има 50 проценти бела коса.
Сонцето влијае, но не е пресудно
Денес знаеме дека сонцето е главна причина за стареење на кожата и појавувањето на брчки, но тоа не се однесува и на вашата коса. Европските истражувачи во 2009, откриле механизам одговорен за процесот на белеење на косата. Ќелиите на нашите влакна природно произведуваат хидроген пероксид. Кога ќе се произведе премногу, косата започнува да белее. Хидроген пероксидот содржи голема количина на кислород, а комбинација на кислород и сонце ја обелува косата. Сепак, белата коса је многу повеќе подложна на оштетување, бидејќи има помалку меланин.
Нема брзо да обелите ако се фарбате во младоста
Ако сте мислеле дека брзо ќе обелите ако се фарбате, време е да престанете да верувате во тоа. Фарбајте се слободно.
Стилот на живот, може да помогни но и да одмогне
Не можете да го спречите процесот на белеење на косата, но можете да го избегнете прераното белеење. Ниско ниво на витамин Б12 може да доведе до намалување на пигментот на косата. Ниско ниво на пантотенска киселина кај глувците предизвикува да обелат. И за крај, ако пушите, ќе обелите пред време. Студија од 2013 година, открила врска помеѓу пушењето и белеењето на коста пред 30-та година.


You must be logged in to post a comment Login