На сите ни е лесно достапна, не е опасна и ефтина е. Освен тоа што е мајстор во чистење, овој неверојатен прашок може да биде ваша тајна состојка за убавина.
Маска за лице
Во блендер измиксајте 1 лажица сода бикарбона, две лажици овесни снегулки и малку мед. Вода додадете онолку колку што ви е потребно за да добиете густа паста. Смесата нанесете ја на лице и оставете да делува 10 минути, а потоа измијте ја.
Против митесери
Злобните црни точки победете ги со овој природен трик.Земете малку гел за миење на лице и измешајте го со една лажица сода бикарбона и едно лажиче сол. Нанесете го на сува кожа, почекајте 5 минути и поздравете се со митесерите.
Чистење на лицето
Ставете малку сода бикарбона на дланките, додадете неколку капки вода и истријте го лицето. Потоа измијте го. Внимавајте на очите.
Педикир
Во топла вода ставете 2 или 3 лажици сода бикарбона и неколку капки есенцијално масло на пример од лаванда. Натопете ги стопалата 15 минути.
Лажен тен
Кремите за смопотемнување често оставаат флеки на телото, особено ако не ги употребувате правилно. За да не изгледате како жирафа, повикајте ја на помош сода бикарбоната. Измешајте сок од еден свежо исцеден лимон и неколку лажици сода бикарбона и ќе добиете густа паста. Искористете ја како пилинг и истијте го телото додека не ги отстраните флеките.

You must be logged in to post a comment Login