Ако се шминката според бојата на вашата коса тогаш несомнено ќе успеете да ја истакнете природната убавина. Шминката за блондинките или црвенокосите може да направи да изгледате смешно но оие совети ќе ви помогнат да останете на вистинската патека…
Заборавете на розовиот кармин
Интензивните бои како розовата или црвената повеќе се наменети за девојките со темна коса. Бледите розови и виолетови кармини лошо се рефлектираат на кафената коса, а лицето делува несредено и на моменти извештачено. За вас одлични се темните тонови, пробајте со темно виолетов, црвен и кафен кармин.
Бронзената боја е вистински избор
Розовите обравчиња се измислени за блондинките. Вие пробајте со руж со боја на праска што одлично ќе ви се најде за преку ден, а за навечер ви ги препорачуваме земјените тонови или бронзен руж. Бронзениот руж најдобро се вклопува со кафената коса, бидејќи лесно се рефлектира на јаболкниците, а ја истакнува бојата на очите и косата.
Внимавајте на очите
Бринетите со сини очи не смеат да заборават да користат топли и богати тонови, додека пак оние со кафени очи може да експериментираат со јаки сребрени сенки. Ако поседувате светол тен тогаш нанесете кафена маскара. Останатите освен црна може да пробаат и со темно сина.
Внимавајте и на пудурата
Ова е најважниот дел. Од пудрата најмногу зависи дали бојата на косата ќе се истакне, ќе блесне или ќе делува неприродно. Најлесно ќе успеете доколку се консултирате со некој шминкер.
Тестирајте нови работи
Нови сенки, руменило или кармин, тестирајте ги на вас…можеби светло розовиот кармин одлично ќе ви стои иако имате темно кафена коса и тен. Но не експериментирајте пред некој важен настан, тоа оставете го за деновите кога сте послободни.

You must be logged in to post a comment Login