Ексфолиација
Со помош на сода бикарбона може да се направи извонреден и природен ексфолиант. Само измешајте мала количина на сода бикарбона со вода во дланката и протријте на целото лице. Целосно природно и без хемикалии – за среќна кожа!
Против митесери
Измешајте една мала лажичка сода бикарбона со чаша дестилирана вода. Ова е одлично решение за митесерите, и затоа е користена од многу професионални козметичарии. Помага за извлекување на митесерите и со нејзина помош истите многу лесно излегуваат од кожата. Ова може да го правите и дома, но претходно треба убаво да ја исчистите кожата. Откако ќе ја ставите смесата на лицето, ставете крпа навлажнета со топла вода врз главата, што ќе помогне да се концентрира топлината и пареата. Екстракциите треба да се прават со нежен притисок со прсти завиткани во памук.
Бања за детоксикација
Со сода бикарбона може да се направи одлична бања за детоксикација. Измешајте ја со еднаков дел морска сол и додадете го вашето омилено етерично масло (лаванда или јасмин делуваат смирувачки).
Сув шампон
Доколку немате сув шампон во моментот, а се брзате, тогаш сода бикарбона може да биде вистинско решение. Посипете мало прсте (или малку повеќе, во зависност од тоа колку ви е мрсна косата) сода бикарбона на вашата коса. Секогаш може да додадете повеќе, затоа внимавајте да не ставите премногу уште првиот пат. Потоа, само исчешлајте ја косата и уживајте J





You must be logged in to post a comment Login