За секогаш да имате уредни и убави стапала, пред се, морате на правилен начин да ги негувате ноктите на вашите нозе. Ви ги претставуваме трите совети како да го постигнете тоа.
1.Доколку ноктите на нозете ви се предолги, исечете ги за да не изгледаат неуредно. Кратките нокти доволно е да ги обликувате со турпија. Немојте да заборавите на аглите од ноктите, заоблете ги за да не зараснат.
2.Со посебно стапче редовно потиснувајте ја кожичката, за да стапалата изледаат уредно. Кожичката потиснувајте ја нежно за да не го повредите осетливиот дел од ноктот.
3.Налакирајте ги ноктите, но пред самото нанесување на лакот во боја немојте да заборавите на ноктите да нанесете заштитен безбоен лак. Така ќе ја спречите појавата на жолти трагови, кои се последица од продирањето на пигментот од лакот во ноктите.

You must be logged in to post a comment Login