Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

10 совети за нега на кожата со мед

Медот е еден од најдобрите природни супстанци кои помагаат во борба против различните проблеми на кожата. Доколку барате решение за проблеми со косата, кожата или проблеми со акни и суво лице, медот би можел да биде баш она што вам ви треба.

1) Хидратација

Доколку имате проблем со сува и груба кожа на лицето, измешајте еднаква количина на мед и маслиново масло и оставете да делува 10 до 20 минути. Откако ќе го отстраните овој мелем, кожата на проблематичните делови на лицето ќе биде значително помека и посјајна.

2) Сјај на усните

Од медот може да направите природен препарат за нега и сјај на усните, кој ќе ги направи вашите усни екстра слатки. Измешајте една лажичка мед, пола шолја природен пчелен восок, 10 капки есенцијално масло од лимон, две капки масло од витамин Е и една четвртина кокосово масло. Кога ќе ги соедините сите состојки може да ги поделите во помали садови кои може да ги носите со себе и да користите од мелемот кога и да ви затреба.

3) Восок за депилација

Ставете две лажички кафеав шеќер, една лажичка мед и една лажичка вода во микробранова печка и загрејте до температура на која смесата ќе постане кафена. Оставете малку да се олади, а доколку ви изгледа дека смесата е премногу густа, додадете уште малку вода. Намачкајте од смесата на кожа, преку неа ставете памучна трака, потапкајте и повлечете ја траката во спротивен правец од растот на влакната.

4) Регенерација на коса

Додадете лажичка мед во шампонот кој редовно го користите за да ги измазните расцветаните краеви, а доколку сакате да добијат нега, комбинирајте мед и маслиново масло. Нанесете ја смесата на косата и оставете ја да упие 10 до 25 минути, а потоа измијте ја косата. Медот може да послужи и против виткање на косата. Помешајте Лажица мед со литар вода, и после миењето дополнително измијте ја косата со оваа мешавина.

5) Купка

Измешајте две лажички мед и една шолја топла вода и оставете смесата да се соедини додека се лади водата. Додадете неколку капки есенцијално масло од лаванда и сипајте во водата која ја припремивте за купка.

6) Решение за акни

Ставете малку мед на жаришта со акни на лицето, преку него ставете фластер и оставете да делува 30 минути.

7) Маска за лице

Измешајте две лажички млеко и две лажички мед и нанесете ја смесата на лице. Оставете да делува десет минути пред да измиете.

8) Пилинг за тело

Измешајте малку истолчени кикирики со лажичка мед и додадете малку лимунов сок. Лимунот и кикириките ќе и дадат сјај на кожата, а медот ќе ја направи мазна.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement