Понекогаш најголем предизвик наутро ви е да се погледнете во огледало. Разбушавена коса, темни кругови под очите, подуено лице… Но, не мора да биде така. Пробајте ги овие трикови и изгледајте секси веднаш по будењето, макар и да е тоа во 6 часот наутро.
1. Променете го начинот на спиење
Лоши вести за сите оние што спијат на стомак. Во просек, главата тежи околу 3 килограми, а тоа е навистина многу притисок што треба да го поднесе вашето лице во текот на ноќта. Всушност, повеќето дерматолози може да погодат на која страна спиете според бројот на брчките. Уф…
Ако никако не можете да се навикнете да спиете на грб, обидете се да спиете на страна со перница за вашето тело. На тој начин нема да го заривате вашето лице во перницата што ви е под глава.
Оние кои спијат на грб, може да пробаат да легнат на повисоко. Гравитацијата помага при протокот на лимфата и крвта и на тој начин нема да се собираат течности во пределот на лицето. Едноставно, нема да станете со отечени очи.
2. Избелете ги забите
Поминаа деновите кога чекавте со часови лепливите ленти да ги избелат вашите заби. Денес постојат препарати кои се за вечерна употреба. Едноставно, нанесете од производот на вашите заби пред да си легнете и разбудете се со побела насмевка.
3.Навлажнете ги вашите стапала
Има ли подобар момент да си легнете со дебели, меки чорапи, ако не во ладните денови? Нанесете еден слој од некоја помрсна крема на стапалата или уште подобро, намачкајте ги со вазелин. Потоа облечете чорапи за да ја задржите влагата. По еден ваков третман, наутро вашите стапала ќе бидат меки како да сте биле на педикир.
Ако спиете цврсто, тогаш можете да ги намачкате со лосион и вашите дланки, а потоа да навлечете врз нив ракавици и да си легнете. Можеби ќе се чувствувате малку чудно, но вашите раце ќе ви бидат благодарни.
4. Користете лепенки за лице против брчки
Користењето на овие препарати додека спиете ќе ја спречат појавата на брчки околу очите и устата. Секако, можете да користите и ноќен крем, но постои голема шанса тој да се размачка и избрише во текот на ноќта.
5. Додадете волумен
Прицврстете ја косата високо на вашиот тил со меко ластиче, за да добиете волумен наутро. Немојте премногу да ја затегнете инаку ќе ја прекршите и замрсите вашата фризура.






You must be logged in to post a comment Login