Сега нивното богатство се проценува на милиони, а некогаш немале ниtу долар за храна.
Кога имала 21 година, оскаровката Хали Бери некое време поминала во засолниште за бездомници, за прв пат откога си заминала од дома. Кога се преселила во Чикаго, ја возела мајка и, а по неколку месеци и се јавила за да и позајми пари. Мајка и и рекла да се снајде или пак да се врати дома. Убавата глумица рекла дека и била благодарна на мајка и што не и помогнала бидејки научила како самата да се грижи за себе.
Ниту пак почетоците на Џенифер Лопез не биле лесни. Во едно интервју таа раскажала како пред да се прослави спиела во студиото за танц. Нејзините родители не се сложувале со изборот на кариера, па затоа таа се одлучила да си оди од дома. Била бездомник, а потоа се се променило. Добила улога во серијата In living Color, станала членка на Флај Грлс и се преселила во Лос Анџелес. Останатото е историја.
Добро е познато дека хип-хоп могулот Џеј Зи, Опра Винфри и Ј.К. Ровлинг, авторката на серијалот Хари Потер, не се родени со златна лажица во устите, туку напротив.
Ј.К. Ровлинг доаѓа од средна класа, а во неколку интервјуа рекла дека многу добро знае како е да си сиромашен.
Селин Дион, чие богатство е проценето на околу 400 милиони долари, не пораснала во окружување со раскош. Родена е како најмладо дете во семејствоtо со 14 деца,а живееле во многу мала куќа.
Стив Џобс во својот говор на Универзитетот Станфорд раскажал како немал ни соба во студентскиот дом па морал да спие на подот во собата на своите колеги. Собирал шишиња од Кока Кола, а бидејки немал ниту за храна, пешачел повеќе од 10 километри до храмот Харе Кришна како би можел еднаш неделно да има пристоен ручек.
Деми Мур живеела во населбата со камп-куќи со мајката алкохоличар и очувот. Тие двајца имале проблематичен брак преполн со насилство па често се селеле. Од 16 годишна возраст Деми го напуштила училиштето и почнала да работи како модел. Се преселила во Европа на 18 години и се омажила за рокерот Фреди Мур. По 1 година, таа добила улога цо серијата General Hospital. Нејзиното богатство сега се проценува на 75 милиони долари.
Родителите на Сара Џесика Паркер се развеле кога таа имала само 2 години, а мајката нејзина се премажила и добила уште четири деца. Имале мака со финансиите и едвај составувале крај со крај. Паркер ја добила својата прва улога на 11 години на Бродвеј, а подоцна ангажманите само се нижеле. Денешното богатство и е проценето на околу 130 милиони долари.
Џим Кери некое време живеел во комбе. Неговиот татко работел како музичар и едвај заработувал за храна. Кери престанал да се школува како би можел да му помогне на семејството.

No Tabloids -Los Angeles, CA – 11/1/2014 – Press Conference for Dumb and Dumber To at the Four Seasons Los Angeles. -PICTURED: Jim Carrey -PHOTO by: Munawar Hosain/startraksphoto.com -MUv_151336 Editorial – Rights Managed Image – Please contact www.startraksphoto.com for licensing fee Startraks Photo New York, NY For licensing please call 212-414-9464 or email sales@startraksphoto.com
Силвестер Сталоне живеел 3 недели на автобуската во Њујорк откако бил исфрлен од станот во кој живеел. За да дојде до пари, прифатил улога во порно филм за што добил 200 долари.
Хилари Свонк никогаш не криела дека живеела во населба со камп приколки и дека едно време живеела со својата мајка во Лос Анџелес во автомобил. На аудициите се јавувала телефонирајки од говорници.
Почетоците на Даниел Крег исто така биле тешки. Спиел на клупи во паркот, а во едно интервју изјавил како правел грозни работи за да пеживее, бидејки немал пари.

You must be logged in to post a comment Login