Поп пејачката изјави дека нејзиниот трет албум ќе биде посветен на починатата Amy Winehouse со која чувствувала силна поврзаност и адмирација.
„со тоа што Amy мораше да се соочува е 10 пати повеќе од тоа што некогаш јас се имам соочувано,“ – изјавила Lily Allen. „ Таа продаде многу повеќе албуми од мене и имаше многу поголем интерес за неа, луѓе кампуваа пред нејзината куќа 24 часа 7 дена во неделата. Јас знам како е тоа во многу помали дози а се чувствував како во стапица.“
И двете пејачки ги објавија своите деби албуми во 2006 година. Двете беа номинирани за најдобра соло пејачка на Британските Музички Награди во 2007 каде Amy Winehouse победи. „ Ја познавав Amy Winehouse многу добро, таа е многу поразлична од тоа како луѓето ја портретираа. Да имаше проблеми со дрога, но вооедно беше интелигентна, забавна личност која можеше да се собере и држи силно. Не беше на добро место кога се запознавме, таа не можеше да направи ништо или да се движи без да биде следена… таа беше затвореник.“
Lily Allen го најави излегувањето на новиот албум Sheezus на 5 Мај.

You must be logged in to post a comment Login