Кети Пери го промени спотот за песната “Dark Horse” поради муслиманската заедница.
Откако 65.000 лица потпишаа петиција да се забрани спотот на Кети Пери на You Tube поради “навреда на муслиманската заедница“, пејачката го промени спотот, или поточно го “избриша“ привезокот…
Шазада Икбала, од Британија со муслиманска вероисповед, поттикна петиција спотот да биде тргнат од сајтот на You Tube поради богохулство. Според муслиманската заедница спорна била сцената во која гори маж заедно со привезокот од огрлицата на која е испишано Алах.
Пејачката не се огласи со свој коментар поврзан со петицијата, туку едноставно само го промени спотот. Во новата верзија постои огрлица, но не пишува Алах.

You must be logged in to post a comment Login