Познатата пеачка издаде нов парфем наречен “RiRi”. Парфемот наскоро ќе се појави на пазарот, а лепотицата заносно позираше за маркетинг кампањата.
Риана постави на својот Инстаграм профил фотографија од снимањето на новиот парфем на која изгледа како куклата Барби.
– Јас сум возбудена што може да го објавам мојот нов парфем “RiRi” … излегува наскоро! – Напиша Риана.
Совршен ефект на чадот на очите, розево руменило на образите, сјајна кожа и се разбира розов кармин само ја нагласи нејзината убавина.
Освен позадината и самата шминка на Риана асоцира на познтата кукла.
Телото го покри со екстравагантни ракавици, а преку нив и убави бели бисери.
Од додатоци ги има познатите “Барби” обетки.

You must be logged in to post a comment Login