Денес на телевизија и те како се по присутен е жарнот хорор, но дали е навистина застрашувачки? Во една од најгледаните серии The Walking Dead главите на зомбијата се третираат како пијната, но дали навистина сме престрашени од тоа? Посебно кога во последна секунда некој карактер излегува како херој и го спасува денот? Што со American Horror Story? Дефинитвно премногу е игрива за да може да биде навистина застрашувачка. Ако некоја сцена навистина ти предизвика морници зашто после тоа следи некоја навистина смешна постапка или дел од сценографија која ја уништува целата атмосфера?
Но од друга страна серијалот Hannibal на NBC е друга приказна. Единствено шегобијно во целата приказна во оваа исклучително експлицитна хорор драма е сликата од страна на гледачите, кои уживаат да гледаат сериски убијец кој изгледа беспрекорно и приготвува со таква прецизност совршен ордевер со различни деликатеси претежно од човечко потекло, на што може да му позавиди секој Нобу готвач.
Единствениот хумор во целата приказна всушност го прави амбиентот уште по страшен и брилијантен. Перфектна ТВ адаптација на новелата од 1981 Red Dragon од Thomas Harris.
Од првата хинотизирачки привлечна пилот епизода до крај на сезона 1 овој серијал господари целосно со брилијантни слики и тон на кошмар, кој тешко може да се најде во било кој хорор филм веќе а да не спомнуваме на нешто слично на Телевизија. Со секоја епизода стравот го сервираат со фасцинација што е доволно добар коктел.
Сезона 2 почнува вечер и не се ни надеваме дека режисерот Bryan Fuller ќе потфрли на било кој начин. Dr. Hannibal Lecter оживува во право светло во Данскиот актер Mads Mikkelsen со разорувачка харизма кој навистина има тешка задача да го наследи оскаровецот Anthony Hopkins. Иако настапот е комплетно различен, Hopkins е театрален а Mikkelsen е тивкиот и калкулативен Lecter.
Вториот главен лик е Hugh Dancy, кој игра емотивно измачен специјален агент Will Graham, кој всушност е пациент на Dr. Hannibal Lecter, се повеќе влегувајќи длабоко во примамливото но отровно друштво на серискиот убиец.
httpv://www.youtube.com/watch?v=XVhl6WgMTGw

You must be logged in to post a comment Login