Барак Обама е голем фан на ТВ серијата “Game of Thrones”. Американскиот претседател бил многу нестрплив и не можел повеќе да чека да почнат со емитувањето на четвртата сезона на оваа популарна серија, па затоа ги побарал да му се достават во Белата куќа.
Тоа го откриле самите автори на серијата D.B. Weiss и David Benioff во интервју за Vanity Fair.
“Една од предностите, кога сте претседател на САД, е тоа што можете да ги видите новите епизоди на вашата омилена серија пред останатите фанови”, искоментирале самите автори.
Исто така, Обама ги побарал и епизодите од првата сезона на новата хит серија “True Detective”.
Новите епизоди Обама ги добил директно од претседателот на HBO, Richard Plepler.
Новата сезона на “Game of Thrones” ќе почне да се емитува во САД во април, а дел од нив се снимени во прекрасниот Дубровник.

You must be logged in to post a comment Login