• Сподели на:

Ен Хатавеј и Кристен Стјуарт пуштиле бркови

___

Ен Хатавеј и Кристен Стјуарт во најновиот спот на Џени Луис се облечени како мажи. Овие две глумици прво се појавуваат во улога на музичари, облечени во бели одела, а подоцна се прерушуваат во мажи со бркови, качкети и тренерки. Иако промената е чудна секако дека многу повеќе ги сакаме како жени, но мора да се признае дека не се лоши ни како мажи.

Вакви необични костими сјајно се слагаат со песната Just one of the guys која говори за тоа како жените и мажите сепак многу се разликуваат.

1

Ен е претставена како тажен дечко, кој плаче а солзите му се сливаат до брковите.

Кристен пак од друга страна, не е претерано тажна во кожата на мажот. Таа добро се снашла и покажала дека може и умее да го промени изразот на лицето,иако ја бие глас дека секогаш има исто лице.

Во продолжение, погледнете го видеото.

 

Jenny Lewis - Just One Of The Guys [Official Music Video]


Оставете коментар

___