Преубавата манекенка Хајди Клум веќе две децении е на врвот во светската мода. Иако е во петтата деценија од својот живот, доколку ги погледнете нејзините фотографии ќе ви стане јасно зашто е тоа така.
Хајди е позната по своите долги нозе и совршена фигура, која уште еднаш ја покажа во сини бикини при шетање во Сент Тропе. Она што е очигледно е дека Хајди има 42 години а сеуште е во одлична форма, особено со оглед на тоа дека германскиот супермодел родил четири деца.
Неодамна, Хајди ја претстави новата колекција на својот бренд на долна облека. Моделот не само што дизајнираше , таа самата застана пред камерата. Со оглед на тоа како изгледа, ние веруваме дека кампањата ќе биде успешна.

You must be logged in to post a comment Login