• Сподели на:

Британската “Black Mirror” ја предвидува катастрофата наречена нова технологија или како ќе изгледа нашиот живот во блиска иднина

___

Black Mirror е своевиден микс помеѓу “Зоната на Самракот” и “Приказни за Неочекуваното”, која влегува во нашето секојдневно несвесно, инертно и условено живеење, а раскажаните приказни имаат позадина на техно-параноја.

Станува збор за британска ТВ серија, каде се аналитички се опишува темната страна на животот во комбинација со технологијата. Структурниот и содржински скелет на оваа серија покажува диверзитет во актерската трупа, сценографија, а прикажува и различни реалности. Сепак, во секоја од епизодите се зборува за начинот на кој живееме сега или како би можеле да живееме во следните 10 минути, доколку целосно се потпираме на новата технологија.

Роберт Дауни Џуниор и Warner Bros дури и размислуваат да продуцираат филмување на една од епизодите на Black Mirror, под наслов “Целосната Твоја Историја”.


Оставете коментар

___