Негувана жена која се држи за себе и својот изглед би требало секогаш да има и убави средени нокти. Поради тоа пожелен е естетски маникир барем еднаш неделно, дали во салон или во домашна варијанта. Во последно време многу е популарен гелот за нокти. За поголемиот број на жени најдобра техника е онаа која ќе им овозможи да имаат убави нокти и да немаат обрска околу нив. Со оваа техника коа освен што убаво моѓе да се обликуваат ноктите, можете да се бира и боја, разни цртежи по ноктите, циркони, стикери и разни други варијанти на француски маникир.
Меѓутоа, оваа техника може да ги оштети ноктите, дури и кожата на раката. Со таа техника добивате убави нокти, но дали се прашувате што се случува под гелот?
Со текот на време ноктите постануваат кршливи, а освен тоа под ноктот може да боли или да пече кога ќе се стави на УВ лампа, која се употребува за полимеризација, односно врзувањето на гелот со ноктот.
Гелот и УВ зраците може да допринесат за стареење на кожата. Техниката која би требало да ги заштити ноктите после извесно време дала потполно спротивен ефект. Гелирање на ноктите се идеално место за развој на гљивици и бактерии, а не се ретки и егземите на рацете.
По често гелирање на ноктите природниот нокт е истенчен, може да ја смени боја, ‘не дише’ и може да се издеформира од турпијање.
Поради тоа гелирањето е најдобро да го користите само за специјални пригоди. Кога ќе се одлучите да ги гелирате ноктите обавезно пред тоа нанесете на рацете крем за сончање како би го намалиле штетното влијание на УВ зраците од лампата.
Кога ќе го отстраните гелот важно е што порано да ја заздравите ноктната плоча. За почеток би требало да ги скратите ноктите, а потоа да не негувате со препарати, а посебно со масло за зајакнување на ноктната плоча. Важно е ноктот и кожата околу да ја издихидрирате. Додека ја заздравувате ноктната плоча не нанесувајте лакови, бидејки препаратите за негување нема да имаат ефект.

You must be logged in to post a comment Login