Дека убавината не зависи многу од годините ни докажува и Марк Џејкобс во својата најнова кампања. Деновиве славниот дизајнер објави на Твитер дека новото заштитно лице на неговата линија за убавина е прекрасната, 64-годишна Џесика Ланг.
На овој начин дизајнерот им се придружи на големиот број модни великани кои во своите кампањи почнаа да вклучуваат различни видови модели. На првите фотографии преубавата глумица се појавува нашминкана во природни земјени тонови позирајќи му на фотографот Дејвид Симс, кој беше задолжен и за снимањето на првата кампања за убавина на Џејкобс.
Џесика е една од најславните актерки од модерната ера на Холивуд. Има добиено два Оскари, за улогите во филмовите „Сино небо“ и „Тутси“, а може да се пофали и со дури пет Златни глобуси и две Еми награди.

You must be logged in to post a comment Login