Според модните гуруа сандалите во овој стил и оваа година ќе го имаат почесното место на секоја шопинг листа за пролет-лето 2016]
Надвор мириса на пролет, иако календарски ни останаа уште неколку недели до нејзиниот официјален почеток. А тоа значи дека веќе треба да почнеме сериозно да размислуваме со што ќе ги замениме нашите омилени чизми и кои ќе ни бидат клучните обувки во нашите комбинации. Што се однесува до нас, ние сме убедени дека римјанките ќе бидат еден од водечките трендови за оваа сезона (како и овие тука), па доколку досега го немате испробано овој тренд, еве шанса да го искористите вистинскиот момент за тоа.
Тие беа популарни и во минатите неколку сезони, но оваа сезона модните инсајдери предвидуваат дека ќе бидат на самиот врв меѓу најбараните парчиња.
Станува збор за сандали на кои не можете да им останете рамнодушни, без разлика дали ги обожавате или едноставно ги мразите! Да, некои девојки не ги сакаат, но за среќа (или несреќа, во зависност од која страна ги гледате работите), нивниот број е многу помал од оние што ги обожаваат, така што сезонава очекувајте вистинска епидемија од девојки кои ќе потсетуваат на античките божици и на нашите улици.
Што се однесува до трендовите, палетата е шаролика. Од впечатливите металик модели, па се до кожните класици, погледнете ги цените на најдобрите модели во нашата галерија и изберете го вашиот фаворит за лето 2016.

You must be logged in to post a comment Login