Носете облека која е исклучиво од природни материјали за да може вашето тело да дише • Освен стапалата, освежете ја и вашата облека со дездоранс за да ги избегнете непријатните мириси
Ви ги откриваме триковите кои ќе ви помогнат совершено да мирисате секој ден и секоја минута…
Парфемот никогаш не треба да се трие
Прснете со парфемот зад ушите, на вратот, во воздухот и поминете низ миризната магла со цел косата и облеката до го впијат мирисот. Но каде и да го прснете парфемот, никако немојте да го триете бидејќи на тој начин ја разбовате неговата структура, оневозможувајќи ги високите ноти
Пробајте мирисни лакови за нокти
Мирисните лакови за нокти немаат нападен мирис како останатите лакови, туку им дозволуваат на ноктите да дишат и нежно испуштаат мирис во текот на целиот ден. Секако пробајте!
Редовно мијте ја косата
Иако ова делува како нешто што се подразбира, често не ја миеме косата редовно колку што би требало. Косата, дури и кога не е толку масна за да изгледа валкано и неуредно, може да испушта непријатен мирис поради потење или валкање на темето. Најдобро е самите со дланката да го протриете темето и да ја мириснете раката. Штом мирисот не ви се допаѓа, значи дека е време за миење!
Освежувачи на ткаенини
Купете миризлив спреј наменет за освежување и парфимирање на ткаенини и редовно прскајте ја постелнината каде спиете. Секако дека редовно ќе ја менувате постелнината, но помеѓу менувањето, овие спрејови ќе ви пружат свежина и пријатен мирис.
Освежувајте ги плакарите
Ако сакате да го освежите мирисот на вашата гардероба, во плакарот ставете мирисни перничиња или едноставно гардеробата испрскајте со спрејови кои се токму за таа намена. Повеќето од нив се дизајнирани за да ги уништуваат и неутрализираат непријатните мириси, без да оставаат нападен мирис. Едноставно ќе имате свежа облека!
Користете спреј за стапала
Ако сакате да избегнете и најмала можност стапалата да ви се испотат и да развијат непријатен мирис, тогаш користете дездоранс за стапала. Освен самите стапала, со дездоранс освежете ја и својата облека за да ги избегнете непријатните мириси. И секако, избегнувајте облека од синтетички материјали.
Мирис во фиоката за долна облека
Ако сакате вашата долна облека секогаш да мириса преубаво, во фиоката ставете миризлива вреќичка или омилените сапуни, или одвреме-навреме, самата долна облека испрскајте ја со омилениот парфем.
Влажни марамчиња
Одржувајте ги свежи и миризливи своите интимните делови на телото со редовно користење на влажни марамчиња и со избегнување на долна облека која е од синтетички материјали. Носете исклучиво долна облека од природни материјали за да може телото да дише.
Гуми за џвакање
Сакате секогаш да имате свеж и миризлив здив, во тој случај во секое време имајте при рака гуми за џвакање или освежувач на здив. Редовно може да користите и течност за плакнење на усната шуплина, но избегнувајте ја онаа на база на алкохол која дополнително ја суши устата, а со самото тоа може да предизвика и лош здив.

You must be logged in to post a comment Login