Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Совршен “nude” мејкап во шест едноставни чекори

Изгледот на лице на кое е природно е нагласена свежината спаѓа во најтешките предизвици во шминкањето. Повеќе сезони наназад, со доаѓање на топлите денови ”nude” изгледот станува најпосакуваниот избор дури и на гламурозните настани. Овој изглед се состои од благо истакнати очи со отворен поглед, природно румени образи и сјајни усни. Како правилно да ги истакнете контурите на лицето и природната убавина ви откриваме во шест чекори.

1. Хидрантна крема

Почетокот на секое добро шминкање е нахранета кожа, а за тоа е потребно квалитетна хидратантна крема. На чиста кожа нанесете крема во тенок слој и оставете неколку минути да се впие, на овој начин кожата ќе биде блескава и природно сјајна. Трик кој го освежува лицето е мало нанесување на крема на врвовите на јаболчиците откако ќе завршите со шминкањето.

2. Течна основа половина нијанса потемна од бојата на тенот

DIORSKIN_NUDE_Natural_Glow_Radiant_Fluid_Foundation_SPF_15_1368436801

За да го добиете овој изглед, потребно е да одберете полесна текстура на течна пудра половина нијанса потемна од природната боја на тенот. Основата нанесете ја странично на челото, на челната коска, под јаболчниците, под долната усна и на брадата, и мал слој од страните на носот. На останатите делови од лицето – на средината на челото, носот и брадата нанесете хајлајтер. На овој начин ќе создадете визуелно нагласени црти на лицето, со природно исенчани контури. Завшрниот потег направете го со коректор кој треба да го нанесете само на подочниците.

3. Очи нагласени со светли нијанси

Screen Shot 2012-07-27 at 7.40.07 AM

За природно нагласување на очите, користете бело или моливче во боја на кожата на ивиците на долниот капак. На овој начин ќе го отворите погледот и ќе создадете одморен изглед. На капакот нанесете сенка во две топли, светли нијанси. За нагласен поглед, со тапкање нанесете светло моливче за очи на ивицата на надворешните страни на горниот капак.

4. Уредно исчешлани веѓи

Клучна улога за “nude” изглед на лицето се веѓите, тие треба да бидат уредно исчешлани со минимално нанесување на препарати. Доколку имате ретки веѓи, за пополнување на празните површини користете моливче за нијанса посветло од природната боја и при исцртување пратете го нивниот природен раст.

5. Балзам за усни или сјај во дует со коректорот

Lip-Glow-Image-thumb-500x300-48321

Кармин во природна боја или нијансиран сјај за усни никако нема да создаде природен изглед како што тоа може да го направи квалитетниот балзам за усни. Регенеративните балзами ја хранат површината на кожата, и создаваат мазен слој кој визуелно ќе ги направи усните полни. Трикот за природни усни е тенок слој на коректор преку кој е потребно да нанесете малку прозирен сјај.

6. Руменило во нежни нијанси на праска

Природниот изглед е нецелосен без руменилото, кое кога е во прашање “nude” изгледот е неопходен, бидејќи на лицето создава најбрз ефект за природност. Нијансата на руменилото треба да биде помеѓу розова и боја на месо за девојките со блед тен, додека нијансата на праска е идеална за потемен тен. Руменилото секогаш нанесувајте го на крајот од шминкањето, почнувајќи од врвот на јаболчниците со брзи потези кон слепоочниците.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement