Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Природни мелеми од шеќер за сензуални усни

Не можете да замислите какви тајни за убавина крие вашата кујна, кои можат да бидат исклучително ефикасни за нега на осетливи усни. Ви ги предлагаме највкусните:

Шеќер + кафе

Измешајте малку бел и кафеав шеќер со малку мелено кафе (кафето е одлично средство за пилинф и за зголемување на волуменот на усните). Додадете маслиново масло и мед. На крајот додадете и малку лимонов сок, кој чисти и избелува.  Втријте ја оваа смеса на усните со нежни кружни движења. Измијте ги усните со топла вода, исушете ги и ставете лабело, или уште подобро, витамин Е (во капсули).

Шеќер + мед

Измешајте мед и шеќер. Втријте ја смесата на усните околу три минути, а потоа исплакнете со млака вода и намачкајте со хранливо лабело или мелем. За најдобри резултати, повторете ја оваа постапка еднаш неделно, а ставајте лабело секој ден. Во смесата со мед и шеќер може да додадете и маслиново масло, за вашите усни да бидат нежни и меки.

Шеќер + лимон

Ова е идеален третман за испукани усни. Половина лимон втријте во кристален шеќер, а потоа со таа смеса истријте ги усните. Оваа постапка треба да трае околу три минути. Потоа исплакнете со ладна вода. Усните ќе ви бидат неверојатно мазни и меки, особено ако по оваа постапка ги премачкате со лабело.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement