Можете ли да погодите колку време годишно поминуваме пред огледало?
Точниот одговор е 627 часа и 28 минути, и ова пред сѐ се однесува на жените, врз кои и е спроведено истражувањето.
За сите оние на кои математиката не им била омилен предмет во училиште, тоа е скоро еден месец посветен на грижата како изгледаме. Покрај тоа што има толку многу други позабавни работи кои можеме да ги правиме место ова, уште полоша вест е дека на тој начин се намалува нашата самоувереност.
Истражувачите откриле дека најмногу се грижиме дали сме преслаби или имаме некој килограм повеќе. Затоа и најчесто жените имаат проблем со избирањето на гардероба, а подоцна нагласуваат дека таа лошо им стои. Па, тогаш зошто поубавиот пол троши толку драгоцено време грижејќи се за изгледот?
Психологот Рејчел Клементс објаснува дека општеството во кое живееме е програмирано на таков начин. „Преголем акцент е ставен на тоа како изгледаме и како можеме да го подобриме нашиот изглед. Плус, ѕвездите секојдневно губат килограми и на тој начин го менуваат својот изглед ’на подобро!‘, а тоа ни остава впечаток дека треба да го направиме истото“, пренесува магазинот „Космополитен“.
Секогаш можеме нешто да поправиме, но мораме да ја нагласиме онаа внатрешна убавина, бидејќи кога надворешната ќе избледи, таа е сѐ што ни останува. Но, немојте да одите кон драстични промени поради кои би можеле да зажалите, туку дејствувајте чекор по чекор. И малите промени влијаат да се чувствуваме подобро, а правете сѐ исклучиво поради себе“.
Потполно се согласуваме, бидејќи сѐ друго звучи многу исцрпувачки. Што мислите вие?

You must be logged in to post a comment Login