Ако не сте љубител на депилација и попрво би ги бричеле нозете, избегнете ги грешките кои ги прават поголемиот дел од жените – никогаш не се бричете на суво, а доколку ви снема пена или крема искористете балсам за коса, никако сапун.
Еве ги најчестите пет грешки
Бричење по 15 минути во када – Експертите препорачуваат да почнете да ги бричите нозете 15 минути откако ќе влезете во када. Така ќе ги омекнете влакната и ќе се отворат фоликулите. Но немојте да чекате 15 минути бидејки кожата ќе се набабри и ќе го отежне темелното бричење.
Навечер е попаметен избор – Поголемиот дел се бричат наутро, а би требало тоа да го прават навечер. Така вашите нозе ќе бидат нежни, бидејкит таканаречените “опекотини” ќе спласнат во текот на вечерта и влакната ќе њсе вратат во фоликулите.
Избегнувајте еднократни модели – Еднократниот модел за бричење е во ред да го користите ако сте на пат, но избегнувајте ги кога сте дома. Купите брич со 4 или 5 острици.
Предолго користење на ист брич – Еднократниот брич некои од жените го користат дури и по 10-15 пати. Ако добро ги чувате и внимавате на чистотата, тогаш нема проблеми.
Одберете ја насоката на бричење – Првиот чекор секогаш правете го во насока во која растат влакната за да ги скратите, а потоа повлечете во спротивен правец. Доколку имате осетлива кожа не ја менувајте насоката да не дојде до несакани црвенила.

You must be logged in to post a comment Login