Денес со вас ќе споделиме неколку совети и ќе ве предупредиме на некои од грешките кои ги правите при нега на веѓите.Овие работи го уништуваат изгледот на вашите веѓи:
1. Не смеете да ставате производи на веѓите!
Тоа опфаќа пудри, лосиони и креми. Покрај тоа што ќе ја прекријат природната боја на веѓите, може да влијаат и врз сушење на кожата па веѓите да почнат да се разретчуваат како последица од хемикалиите од козметичките производи. Исто така може да дојде и до престанок на раст на самите веѓи. Па затоа, користете производи наменети исклучиво за веѓи!
2. Паметно чупајте ги веѓите
Тоа значи дека доколку сакате да ја задржите природната густина, убавина и изглед на вашите веѓи, не треба да користите огледала кои зголемуваат, ниту пак да ги чупате веѓите на силно, флуресцентно светло. Чупајте ги на природна светлина со природно огледало.
3. Избегнувајте ножички
Она што многу жени го прават при обликувањето на веѓите е „потшишување“. На повеќето жени тоа воопшто не им е потребно, но речиси сите го прават тоа. Доколку сакате да ги потшишате веѓите, прво зачешлајте ги нагоре, а потоа отсечете ги само оние делови од влакната кои стрчат.
4. Најдобар метод за чупање на веѓите е…
…со помош на пинцета. Таа е најпрецизна од сите методи, бидејќи отстранувате по едно влакненце, а не повеќе истовремено. Восокот може да направи штета доколку не се користи правилно.
Совршени веѓи ќе добиете само доколку не бидете премногу агресивни кон нив. Тие се подеднакво чувствителни како и трепките, па и на нив од време на време им е потребна соодветна нега.

You must be logged in to post a comment Login