Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Овесна каша: Шест рецепти во служба на убавината!

Природните рецепти за нега на кожата неможат да одмогнат, тие само помагаат и се добредојдени во негата на телото, лицето и косата.

Овесната каша е богата со фитохемикалии кои ја смируваат иритираната и оштетена кожа. Нежно ја чисти од нечистотии и го измазнува лицето, па затоа е неизоставен дел во домашните маски. Освен што делува како пилинг, одлична е како тоник за кожа зошто ги отстранува вишокот маснотии и го спречува чешањето.

Пилинг за кожа

Состојки: 1 лажица овесна каша, 1 лажица лиминов сок, 2 лажици јогурт.

Подготовка: Измешате ги сите состојки. Добиената паста со кружни движења в тријте ја во лицето и ставете да делува 10 минути. После тоа измијте се. Овесната каша ќе ги отстрани сите изумрени клетки на кожата, лимоновиот сок ќе го дезинфицира лицето, а јогуртот ќе ја нахрани кожата.

Нега на раце

Состојки: 5 лажици овесна каша, 2 лажици мед, лажица маслиново масло, лажица млеко Подготовка: Состојките ставете ги во блендер а добиената смеса нанесете ја на рацете. По ова, ставете ракавици и оставете да дејствува 30 до 60 минути. Оваа маска е идеална за чувствителна кожа затоа што е нежна и ја смирува иритацијата.

 ovesna kasa 1

Купка за тело

Состојки: Пола лажица овесна каша, етерично масло по желба

Подготовка: Во када со топла вода додадете пола лажица овесна каша и неколку капки етерично масло по желба. Добар избор би бил лаванда затоа што опушта. Уживајте во купката 20-30 минути. Овесната каша има антиоксидантски својства, делува против воспаленија и ја омекнува кожата. Предност на оваа купка е што во неа може да ужива било кој тип на кожа.

 ovesna kasa 3

Шампон за суво миење

Освен за кожата, овесната каша е одлична и за скалпот на главата и делува како природен шампон за суво перење. Доволно е да втриете неколку зрна на темето па да се расчешлате. Овесната каша ќе ја впие вишокот маснотија и вашата коса подолго време ќе изгледа свежо.

 ovesna kasa 4

Овесна каша за изгореници од сонце

Таа е богата со липиди и протеини кои и помагаат на кожата да ја задржи влагата и да спречи сушење. Токму заради ова помага во лечење на изгореници од сонце, отстранува црвенила и ја ублажува егземата. Доволно е само овесната каша да ја ставите 20 минути во ладна вода и да се нанесе на изгорениот дел. Треба да стои додека не се исуши.

 ovesna kasa 2

Маска против акни

Состојки: 3/4 мала шоља овесна каша, вода

Подготовка: во сад ставете ги состојките и варете ги минута до две. Откако ќе се олади, нанесете ја на лицето и оставете да делува 10 до 20 минути.  Овесната каша ја чисти нечистотијата од порите на кожата и дејствува смирувачки заради што е одличен избор за воспалена кожа.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement