Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Нега на мрсна кожа

???????????

Една добра работа за сите вие кои имате мрсна кожа, тоа е дека таа побавно старее.

Мрсната кожа има проширени пори и често акни. Причините за ваков тип на кожа најчесто е наследниот фактор, исто како и исхраната, пореметувња на хормоните, употребата на несоодветни козметички препарати и слично.

Мрсната кожа најчесто се јавува кај тинејџерите како последица од влегување во пубертетот, но може и да се појави и во друг период од животот.

Начин на исхрана

Доколку имате мрсна кожа треба да внимавате на исхраната ако сакате да постигнете што подобар ефект во негата на вашето лице. Во исхраната внесете повеќе свежо овошје и зеленчук. Погрижете се редовно да внесувате витамини во вашиот организам. Дури и најмалиот недостаток на Б2 витаминот може да ја направи вашата кожа мрсна. Овој витамин се наоѓа во интегралните житарици, оревите и гравот. Исто така, пијте доволно вода во текот на денот, за кожата добро да хидратира, при што ќе се елиминираат токсините од организмот.

Редуцирајте ја количината на масти што секојдневно ја внесувате во организмот. Гответе без многу масти од животинско потекло и употребувајте ладно цедено маслиново масло. Исфрлете го свинското месо и избегнувајте слатки и брза храна.

Чистење на мрсната кожа

Најпрво лицето се чисти од остатокот шминка, а потоа следува масажа и пилинг. Мијте го лицето со топла вода и со сапун кој одговара за ваков тип кожа. Избегнувајте ги препаратите кои ја сушат кожата бидејќи така се губи природната маснотија на лицето, а лојните жлезди повеќе ќе се активираат. Гелот од алое е одличен за чистење на мрсна кожа.

Маски

Маските за лице подгответе ги сами. Глината која е без хемикалии и мирис лесно се подготвува, а можете да ја најдете во аптека.

Маска од краставица

Состојки:

половина краставица

1 белка

1 лажица сок од лимон

1 лажица нане

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и оставете ја да се излади. Ставете ја смесата на вашето лице околу 15 минути. Потоа тргнете ја смесата и измијте го лицето со топла, а потоа со ладна вода.

Маска од домати

Излупете еден зрел домат, отстранете ги семките и изгмечете го. Нанесете го на лицето и оставете го 15 минути. Додека маската е на вашето лице, легнете и опуштете се. Измијте го лицето со топла вода. Оваа маска е одлична за мрсно лице со проширени пори.

Лосион од рози

Во сад ставете ливчиња од цвет од роза, прелијте ги со дестилирана вода. Смесата оставете ја два дена, потоа исцедете ја и додадете малку јаболков оцет. Со овој лосион масирајте го лицето со движење од брадата кон јаболчниците. Тоа ја подобрува циркулацијата, а не одзема многу време.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement