Миранда, Роузи,Жизел, Ирина и Наталија за еден магазин ја откриле тајната за својата убавина и фантастична фигура
Тие се најплатените модели на денешницата и се во центарот на вниманието каде и да се појават. Многу мажи би сакале да се со нив, а многу жени сакаат да изгледаат како нив. За магазинот Вог, овие пет модели ја открилео. тајната на нивната убавина и витка линија.
1) МИРАНДА КЕР
“Многу ми е битно да јадам исклучиво органска храна и да бидам активна. Кога бев мала тренирав гимнастика и спортот ми влезе во навика. Сега сакам да се занимавам со јога”, открила Миранда.
2) РОУЗИ ХАНТИНГТОН-ВАЈТЛИ
“Пораснав на фарма, на чист воздух и секогач здраво се хранев. Затоа знам дека, ако се чувствувам дека ми е потребан детоксикација, само ги исфрлам јаглехидратите и рафинираниот шеќер од исхраната. Тоа е мој совет за здрава исхрана”, рекла Роузи.
3) ЖИЗЕЛ БУНДШЕН
“Сметам дека се што се наоѓа внатре мора да се манифестира и надвор, затоа се трудам да се хранам штопоздраво. Што се однесува на физичката активност се трудам что повеќе да се занимавам со спорт, но во согласност со моето животно темпо и моите деца. На истото и учам и моите деца. Мојот син мисли дека брокулата е всушност десерт”, открила Жизел.
4) ИРИНА ШАЈК
“Пијам многу вода, ама ретко пазам што јадам и никогаш не сум била на диета. Луѓето мислат дека моделите многу малку јадат, но би требало да ме видам мене во ресторан. Никој не верува колку можам да изедам”, рекла Ирина
5) НАТАЛИЈА ВОДЈАНОВА
“единствена диета која сум ја држела е онаа според крвните групи и таква исхрана практикувам веќе 5 години. Мене ми е најважно да бидам здрава и така да изгледам, зошто тоа неможе да се одглуми. Здравјето е многу важно за добивање добри договори во мојата професија”, кажала Наталија.

You must be logged in to post a comment Login