Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Најголем показател на годините: Не заборавајте да ги негувате рацете!

Белите влакна можете да ги офарбата, брчките можете да ги прикриете, но рацете не може да се подмладат. Новото британско изтражување открива дека кај три четвртини од жените најголем показетел на годините им се рацете.

Дури 80 отсто од испитаниците признале дека приметуваат колку старо изгледаат рацете на друга жена кога ќе ја запознаат или видат. Рацете така станаа проблем број 1 кој ги загрижува припадниците на понежниот пол и тоа многу повеќе од белата коса и брчките. Дури половина од испитаните жени изјавуват дека рацете почнале да им стареат во 34 година, а 33 отсто од нив се плашат како ќе им изгледаат фотографиите од свадбата поради ситните недостатоци на рацете. Покрај сето тоа, рацете и понатаму ги негуваат многу малку за разлика од другите делови на телото.

‘’Иако нашите раце се највеќе изложени на погледите на другите, жените не размислуваат премногу за нивниот изглед се додека не стане доцна. Повеќе сме концетрирани на нега на лицето и косата, а нашите раце брзо покажуваат знакови на стареење поради малото количество на природни масла во нив и изложувањето на надворешни влијанија’’, истакнаа изтражувачите.

Мали совети за нега на рацете

Ако сакате да ги зачувате рацете, важно е да припазите на температурата на водата за време на нивното миење. Таа не смее да биде ни ладна, ниту пак премногу топла, бидејки во двата случаја ја оштетувате кожата. Млаката вода е најдобра, а препорачуваме и сапун за нега со многу масла.

После туширањето, откако ќе нанасете лосион или млеко за тело, намачкајте ги и рацете. Тогаш кремата најдобро се впива во кожата бидејки порите се отворени.

Чистењето на домот без ракавици е еден од факторите кои можат највеќе да ги оштетат рацете, истакнуваат научниците. Вашите раце тогаш се неверојатно чисти, но веројатно се и многу оштетени поради агресивните средства.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement