Две дизајнерки од Лос Анџелес одлучија да го спојат маникирот со технологијата. Резултатот е повеќе од интересен!
Заљубени сте во инстаграм, но и тренди маникир? Тогаш ова е ваш ден! Апликацијата за паметни телефони, Nail Snaps, дело на дизајнерките Ангела Андерсон и Сара Хееринг, овозможува на сите корисници на паметни телефони, своите омилени уметнички дела или фотографии да ги “пренесат” на своите нокти!
Знаеме дека звучи лудо, но оваа апликација навистина постои и работи, но оваа апликација навистина постои и работи, а настанала така што две другарки сакале да смислат единствена апликација со чија помош ќе може да направиме необичен, откачен маникир.
Од маикир кој потсеќа на вашето омилено дело, ве дели само еден download и услов фотографијата која сакате да ја искористите да биде на вашиот инстаграм профил. Останатот го прави апликацијата, така што според сликата припрема шаблон предлог, односно налепница за нокти.
За сега, принтот кој овозможува налепницата да стане реалност работи само во Лос Анџелес, но дуото обеќа дека наскоро ќе праќа налепници на било која адреса во светот. Додека не се случи тоа, секако можете да си поиграте и експериментирате со апликацијата.

You must be logged in to post a comment Login