Со доаѓањето на есента дојдоа и нови трендови во шминкањето, а еден од трендовите кој од ден на ден се повеќе ја освојува сцената на убавината е металик шминката! Резервирана е за оние кои сакаат да експериментираат со изгледот и не се плашат да носат впечатлива шминка.
Се почесто можеме да го видиме овој тренд на модните писти, но и на познатите личности и тоа обично на црвениот тепих кога сакаат да изгледаат гламурозно!
Со неколку едноставни потези можете да направите драматичен вечерен изглед, така што ќе комбинирате мат и металик сенки. Фокусирајте ги металик нијансите во внатрешниот агол на очите.
Со вака нашминкани очи усните треба да бидат во неутрална боја, а руменилото и бронзерот сведете ги на минимум.
Ако спак сакате малку подискретна шминка може да се постигне металик ефект во подискретна варијанта.
Нанесете црн туш или креон на вообичаениот начин, па со тенка и прецизна четкичка извлечете металик линија над црната. Додадете и на долниот внатрешен дел од окото. Очите ќе добијат свеж и блескав изглед!
Освен на очите можете да постигнете металик ефект и на усните. Тие ќе изгледаат пополно и посензуално, а изгледот се постигнува многу едноставно!
Нанесете кармин на вообичаениот начин, а потоа со четкичка натапкајте златен или сребрен пигмент или сенка на централните делови. Ефектот е неверојатен!

You must be logged in to post a comment Login