Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Мејкап трендови за есен, 2015

TORONTO, ON - JUNE 21: Gigi Hadid arrives at the 2015 MuchMusic Video Awards at MuchMusic HQ on June 21, 2015 in Toronto, Canada. (Photo by George Pimentel/WireImage)

Дали и вие се чувствувате необично кога уште во август веќе почнувате да размислувате за есенската мода и бјути трендовите? Како што сите знаеме, за месец дена веќе ќе навлеземе во есенското време, па затоа мораме да бидеме информирани што ќе биде модерно во претстојните есен и зима.

Забележавме 3 клучни бјути трендови и тие ни се чинат совршени за транзиција од лето во есен. Со помош на неколку феноменални техники, овие есен и зима имате можност да изгледате фантастично.

1. Стробинг

Стробингот е веќе еден од постоечките трендови кои стручњаците мудро го маскираа како нов концепт, но тој сѐ уште е еден од нашите омилени.

Нагласувањето на одредени делови од лицето со помош на хајлајтер е апсолутно совршена идеја. Изберете формула која му одговара на вашиот тип на кожа (течни или кремасти производи за сува кожа или прав за мрсна кожа) и одберете производ со умерена доза честици за совршен ефект.

Наместо да ги контурирате јагодиците и лицето, оваа техника подразбира само малку поинтензивно нанесување хајлајтер на она што би сакале да го нагласите за да ја подигнете целокупната структура на вашето лице и на тој начин да добиете свеж, младолик изглед без остри линии.

2. Бејкинг

Овој тренд дефинитивно не спаѓа во оние природни изгледи, но е совршен за вечерни настани или лудо излегување со другарките.

Концептот се состои од правилна хидратација и подготвување на пределот околу очите пред да нанесете коректор со висока моќ за прекривање, а потоа на истото тоа подрачје, со влажен сунѓер за шминкање се нанесува поголема количина пудра во прав или транспарентна пудра за да го фиксирате коректорот кој се наоѓа под неа.

Клучот на целата техника е во трпението – мора да ја оставите пудрата дури 10-тина минути на лицето за да ја „направи својата магија“ или со други зборови, да ѝ дозволите целосно да го фиксира коректорот пред да го отстраните вишокот.

3. Нејасни црти на устата

Веројатно еден од најнеобичните, но и најдобри трендови со кои сме се сретнале во последно време. Усните кои немаат јасни линии потполно доминираат со бјути сцената, а целата идеја е да се даде понежен и посуптилен изглед на силните бои. Техниката на апликација, всушност е она што го прави овој тренд модерен – линиите од усните се бришат со парче вата или бојата се нанесува со нежно тапкање користејќи ги само прстите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement