Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Маска со кафе за совршен тен

Додека научниците водат дебати за тоа дали кафето е здраво или не, колку кафе треба да пиете дневно и слично, едно е сигурно, кафето е одлично за кожата кога станува збор за есенска нега. 

Најдоброто во врска со оваа домашна маска за лице и тело е тоа што сите состојки веќе ги имате во вашата кујна. Миксот мириса неверојатно добро, но сјајот кој вашата кожа ќе го има по третманот ќе биде уште подобар. Кафето е богато со антиоксиданси, одлично за нега на сува и уморна кожа, овесните снегулки се одлични за пилинг, медот ја прави кожата мазна и мека на допир, додека циметот ќе и даде сјај.

Состојките претставени подолу се однесуваат на маска за лице. Доколку сакате да направите смеса за целото тело дуплирајте го рецептот.

Потребни состојки

  • 1 шолја талог од кафе
  • 2 лажици мелени овесни снегулки
  • 1 лажица мед
  • 1/4 лажица цимет

Измешајте ги кафето, овезните снегулки, медот и циметот во мал сад. Мешајте се додека не добиете смеса со текстура на паста, а потоа внимателно нанесете го миксот на кожата (без триење!), при тоа избегнувајте контакт со очите. Оставете ја смесата да одстои 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

Ако имате чувствителна кожа, намалете ја количината на цимет или сосема исклучете го.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement