Пролетните колекции на најдобрите дизјанери открија кои ќе бидат make up трендовите за оваа пролет.
Како и минатата, така и оваа сезона руж за усни во сите нијанси на портокалово ќе биде полн погодок. За исцртување контура на усните, предлагаме и молив во овие нијанси, а доколку не можете да ја најдете саканата боја на руж во парфимериите, можете да се обидете со мешање на две или повеќе нијанси.
Сенки за очи во боја на орхидеја, јоргован или лаванда, мораат да се најдат во вашите несесери, а можете да ги комбинирате и со плави нијанси на молив за очи.
Исцртување на графички линии со црн молив секако ќе ве направи да изгледате суперсекси, а доколку не сте доволно храбри за оваа варијанта или вешти во користење на течни моливи, препорачуваме црн креон кој ќе ги нагласи рабовите на очите.
За да постигнете здрав сјај на лице, користете руж со златни честички. Златниот сјај на лицето, дополнете го со истакнување на јагодиците со руменило во боја на кајсија.
Вештачки трепки, ќе ви пружат гламурозен и секси изглед. Без разлика дали се од вештачки или природни влакна, долги или кратки, сигурно на прав начин ќе го дополнат вашиот make-up. Важно е да се одлучите за оние кои доликуваат на вашето око.
Уште еден трен од деведесетите години се враќа на големо. Бел молив на горните и долните трепки ќе придонесе да изгледате свежи, а вистински ефект ќе постигнете доколку овој изглед го дополните со портокалов сјај или кармин

You must be logged in to post a comment Login