Остранување на шминка
Неколку капки од бебешкото масло ставете на памук и ќе ги отстранете трагите и на најтврдокорната шминка. Совршено е за отстранување на водоотпорна маскара.
Отстранување на лепак од вештачки трепки
Мала количина од бебешкото масло успешно ќе ги отстрани трагите од лепак од вештачките трепки како од капаците, така и од рацете по нанесувањето на трепките.
Мека и нежна кожа
Кожата полека го апсорбира бебешкото масло, и често остава масни траги на облеката. За да го избегнете тоа, додадете неколку капки бебешко масло во лосионот за тело.
Мазни нозе после депилација
Бебешкото масло ја смирува кожата, и е идеално за нега после бричење или депилирање. Освен што ќе го намали црвенилото, нозете ќе бидат сјајни и нежни.
Решение за испукани пети
Нанесете бебешко масло на петите, а потоа на нозете ставете пластична кеса и облечете чорапи. Оставете да делува час или два додека гледате филм, читате книга, работите на компјутер или спиете. Кожата на петите ќе биде нежна и мека.

You must be logged in to post a comment Login