Истражувањата покажале дека жените за време на дваесетите години трошат најмногу пари за интимна хигиена. За десет години, жените на различни производи и третмани трошат помеѓу 15 000 и 25 000 долари.
Тоа не значи дека жените во подоцнежните години не водат сметка за интимната хигиена, туку во тие години знаат кои производи и третмани им се потребни, па трошат помалку пари, а големиот број од нив после триесетата година прастануваат да користат контрацепција.
Највеќе пари жените трошат на презервативи и пилули за контрацепција, на тампони и улошки, па се проценува дека за време на животот секоја жена троши во просек по 11 000 тампони или улошки.
Значаен износ жените издвојуваат за гинеколошки прегледи, на различни таблети против болки, како и на најразлични лекови кои се користат за решавање на вагиналните проблеми.
Остатокот од парите жените ги користат на купување на различни производи, како пилули за ден потоа, тестови за бременост, абортус или некои други хируршки интервенции.

You must be logged in to post a comment Login