Дали некогаш сте обратиле внимание на производите за нега на база на кафе? Постои причина зошто тие производи се чести на полиците во продавниците. Имено, кафето е еден од најдобрите лекови за отеченост и за темните кругови околу очите. Освен тоа, студиите покажаа дека кофеинот има и противвоспалително дејство.
Кафето може да стане вашиот најдобар бјути-сојузник. Направете го своето вообичаено кафе и замрзнете го. Со замрзнатата коцка нежно поминете под очите. Постапката повторувајте ја секое утро. Само три до пет минути се доволни за да постигнете свеж изглед и да се изборите со подочниците и со темните кругови околу очите.

You must be logged in to post a comment Login