Ако сакате да имате испакнати јаболчници и структуирано лице, користете го овој водич за сенчање на лицето како што тоа го прават вистинските мејк-ап артисти.
1. Подговете го вашето лице со 2 нијанси за основата. Ставете една нијанса која е посветла од вашата кожа на средината на лицето, и уште една која е една нијанса потемна на краевите.
2. Измешајте ги двете нијанси, користејќи четлка со природни влакна за да создадете илузија на длабочина.
3. Истакнете ги областите кои сакате да ги сенчате – вдлабнатинките под јаболчниците, пределот до косата, странично на носот, крајот на носот и клепките на очите со молив во гел во боја ја вашите веѓи. Потоа, ставете кремаста сјајна пудра на врвот на јаболчниците, центарот на челото, на средината на носот, на средината на брадата и под веѓите.
4. Креирајте “извајан” ефект со помош на густа четка мешајќи ги двете нијанси.

You must be logged in to post a comment Login