Филмот и шминкањeто се нераздвојни партнери веќе стотина години. Повеќето шминкерски елементи и методи на нанесување всушност настанале во холивудските студија.
На почетокот на 20-от век Mаите имале законско право да побараат развод ако нивинте сопруги се шминкаат. Оваа привилегија им припаѓала единствено на жените со сомнителен морал – танчерките, куртизаните и театарските актерки.
Никој не ни можел да претпостави тогаш дека раѓањето на 7-та уметност ќе го натера целото општество да го смени својот однос кон шминкањето и ќе направи икони од филмските ѕвезди.
Се започна во 1908 година кога во малубројните кино-сали почнал да се прикаува филмот „In old California“. Содржината и имињата на глумците се одамна заборавени, но токму со неговата појава се смета раѓањето на Холивуд затоа што оттогаш режисерите, младите актери и невештите шминкери почнуваат да ја освојуваат широката публика.
Вамп
Хероините од првите филмови имаат дебел слој на пудра и шминка врз лицето, но тоа не им пречи, во зависност од филмската содржина, да ги заслепат милионерите, принцовите, моќниците… Токму тоа влијаело да се смени општествениот став кон шминкањето – одличната надворешност на холивудските диви предизвикала голем интерес меѓу машката популација и станала пример за жените. Сите сакале да изгледаат таинствено и егзотично, фатално како Theda Bara. Неверојатното бледило на нејзиното лице (шминкерите додавале плавило за алишта во белата подлога), очите врамени со црна боја и мали, интензивно нашминкани усни станале синоним за убавина. Моливите за очи и веѓи и црвениот кармин од филмските шминкерници засекогаш се преселиле во дамските чантички.
Дваесетите
Потшишан тил, кратки здолништа, храбро исцртани очи, необични контури на усните… Светот сакал да се забавува меѓу двете светски војни, а Холивуд растел и се проширувал. Настапила епохата на George Westmore. Тој и неговите пет сина ги диктирале трендовите за шминкање се до Втората светска војна, а токму тој го вовел во употреба поимот „холивудски стил“.. George зборувал дека „ очите без туш изгледаат како да се голи“ и почнал интензивно да го користи средството кое денес ни е познато како маскара. За да актерката May Murray, холивудската дива од таа епоха, изгледа безпрекорно, прв почнал да користи четкичка за пудра. А, тогаш во 1926 година, Rex Ingram ги смислил подводните снимки за филмот „Mare Nostrum“ (a.k.a „Our sea“), но шминката од лицата на актерите се разливала. Тогаш на сцена настапил господинот Max Factor. Тој минал една недела во својата лабораторија и создал формула за водоотпорна шминка. Овој изум ги натерал вечните ривалки Elizabeth Arden и Helena Rubinstein, независно една од друга, да креираат водоотпорен ајлајнер.
Пред крајот на 20-те на сцена стапиле подвижните слики во боја. Филмските ѕвезди „добиле“ руменило, подлога за шминка во различни нијанси, боја на лакот за нокти. Модерни станале сината и зелената сенка за очи, седефестиот маникир, усни прецизно исцртани со молив. Икона била Clara Bow.
Триесетите
Божиците со светлоруса коса го заземаат филмското платно. Успехот на филмот „Anna Christie“ од 1931 година ја прослави Greta Garbo. Крупните кадри на актерката со полузатворени, дискретно исенчани очи и долгите трепки укажале на длабокото и незаменливо значење на погледот. Една друга, но поеднакво голема ѕвезда, Marlene Dietrich покажала неумоливост со која убавината бара жртвување. Облата фигура е осудена на вечна дита, долната усна е нагласена, бујните локни се тргнати настрана од лицето… Жените едноставно ја обожавале и ги прифатиле нејзините навики! Светла коса, крваво црвени усни, издепилирани и потоа со молив исцртани тенки веѓи – тоа бил ултимативен тренд на заводничка од 30-те години на 20-от век.
Се користеле уште и сенки и ајлајнер, а под јаболчниците се нанесувало темно руменило. Во средината на 30-тие Max Factor на пазарот исфрла средство за добивање на идеален тен (боја и текстура), спакувано во тркалезна туба. Поради пакувањето наречено е „палачинкче“, а всушност се работи за прототипот на она што денес е познато како компактна пудра.
Четириесетите
Шишките излегле од мода, а ги замениле локните на Betty Grable и светкавите брановидни прамени на Rita Hayworth. Во преполните воени фабрики поради несреќните случаи во кои раскошните кадрици се заглавувале во машините била воведена мрежа за покривање на косата како задолжителен додаток на работната униформа. За да може да се расчешла бујната коса на жените им е препорачувано на коренот на влакната да втапкуваат млеко, а врз косата да нанесуваат јајаца или оцет. Се појавиле првите шампони и омекнувачи. Поради недостигот на глицерин и масти во воени услови, шминката ја замениле други средства: веѓите повеќе не се кубат туку само нежно се корегираат, моливите за очи и ајлајнерот се заманети со јаглен и паста за чевли, а руменилото било заменето со латици од роза и листови од цвекло.
Господинот Max Factor токму тие години го лансира „исончаниот тен“ за нозе, кој требал да ги замени свилените чорапи (што за време на Втората светска војна биле исклучително дефицитарна роба); Elizabeth Arden пак направила тонирана крема за цело тело.
Педесетите
Во 1950 година Холивуд вовел нова технологија, живо бои, раскошни декорации… А, сето ова го следат и професионалните шминкери – лицата на глумците често личат на рајски птици, во списанијата повторно има изобилство од козметика, во мода е шминка што дречи, а се користи широка палета на бои. Ајлајнерите не се само црни, се носат вештачки трепки, нема полутонови. Холивудскте шминкери во нијансите додаваат доза на седеф. Модерно било течната пудра да се нанесува во дебел слој и тоа така што линијата меѓу лицето и вратот јасно се отцртувала.
Од општото шаренило се издвојуваат две исклучителни ѕвезди: Audrey Hepburn и Grace Kelly. Тие се свежи и природни, со нагласени веѓи, коса која го врамува лицето како ореол и блескав поглед, а како такви се потполна спротивност во донос на малку поинаквата дива од истата епоха, олицетворена во бујната и сензуална Ava Gardner. На крајот се појавува жена која го обединува во себе најдобото од двата типа и која останува запаметена како поп икона за сите времиња – Marilyn Monroe. Таа почнала да го омекнува карминот додавајќи во него вазели со што усните изгледале уште пополни и посензуални, а во едно интервју таа ијавила дека во кревет не оди со пижами туку само со неколку капки од „Chanel 5“ на себе, па тој мирис и ден денс спаѓа межу најпродаваните во светот.

You must be logged in to post a comment Login